Top Sport

Три тренерски легенди на одмор!

Пеп Гвардиола можеби е на годишен одмор, но фокусот очигледно останува на фудбалот, откако менаџерот на Манчестер сити на одморот во Италија се сретна со две тренерски легенди – Маурицио Сари и Ариго Саки.

Гвардиола се наоѓа во Милано Маритима, мало градче на брегот на Јадранското Море по доминантното освојување на титулата во Англија со неговите Сити, но фудбалските теми секогаш се блиску.

Интересно во средбата со 59-годишниот Сари е тоа што тој наскоро може да му биде ривал, доколку Челси реши да го откупи неговиот договор со тимот на Наполи. Сари беше отпуштен по крајот на сезоната и на негово место дојде Карло Анчелоти, но во Италија тренерите остануваат под договор со стариот клуб (кој им ја плаќа и платата) и по заминувањето од позицијата.

Гвардиола и Сари се сретнаа во Лигата на шампионите оваа сезона и Каталонецот беше импресиониран од борбата на Наполи со Јувентус за титулата.

Саки пак, е легенда на италијанскиот фудбал, откако го предводеше Милан до две европски титули во 1989 и 1990 година.

Scroll to Top