Англискиот репрезентативец Керан Трипие летово направи изненадувачки трансфер од Тотенхем во Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ за малку пари, за околу 25 милиони евра, добија исклучително квалитетен играч. Фудбалерот открива за „Тајмс“ што се случувало по завршувањето на сезоната и зошто решил да замине од Лондон.
Трипие во Тотенхем мина четири сезона, минатата играше во финалето во Лигата на шампионите. И покрај тоа што стигна и до дресот на репрезентацијата Тотенхем лесно се откажаа од неговите услуги.
„Слушнав муабети дека сакаат да ме продадат, не се чувствува убаво. Некогаш ќе си помислев ‘Боже барем сезоната да е завршена’. Неколку месеци размислував на таа тема. Се обидев да го стопирам сето тоа. Не беше вистински момент да разговарам со луѓето од клубот бидејќи игравме во завршницата во Лигата на шампионите. Разочаран сум. Дадов се од себе за клубот и сакав да останам, имав уште неколку години од договорот. Јас и менаџерот (Маурицио Покетино) не разделивме пријателски, сепак тој направи толку многу за мене“, рекол Трипие.
На крајот тој го прокоментирал и својот однос со првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви.
„Се обидев да разговарам со него. Не добив одговор. Тогаш стекнав впечаток дека не ме сакаат повеќе во клубот. Одиграв таму добри четири сезони, запознав добри луѓе во клубот и мислев дека мојата идна е таму…“, рекол Англичанецот.
Трипие с стандарден во тимот на Чоло Симеоне од почетокот на сезоната. Тој ги започна сите три натпревари за Атлетико во Ла Лига, а неговиот тим е единствен со максимален учинок.