Пред утрешното дерби помеѓу Атлетико Мадрид и Барселона, англискиот бек на „јорганџиите“, Киеран Трипиер признава дека е импресиониран од Лео Меси и неговите квалитети и признава дека мора да бидат многу внимателни.
Трипиер имаше шанса да игра против Меси за Тотенхем во ЛШ минатата сезона, кога Барса ги победи со 4:2 со два гола на Аргентинецот.
„Сите знаат околу е добар, но мислам дека таа вечер отиде чекор напред. Постигна два гола и имаше можеби четири стативи. Тоа беше неверојатно. Како е да се игра против него? Навистина чудно. Голем дел од натпреварот го гледата како само оди, оди… Играте против Садио Мане од Ливерпул на пример и ако не го следите секунда, тој ќе ве помине. Но, со Меси, ќе погледнете четири пати и тој уште е таму и оди. И потоа, одеднаш гол. Неверојатно е колку е умен. Кога оди така, сигурно е свесен за што се случува околу него. Неверојатен“, вели Трипиер.