Top Sport

Трофејот што го освоија Панчев и Најдовски во 1991 пристигна во Белград

На стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград пристигнал трофејот кој ѝ припаѓа на генерацијата на Црвена ѕвезда која во 1991 стана клупски светски првак.

Трофејот пристигна во Црвена ѕвезда откако Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) реши на сите екипи што го освоиле Интерконтинеталниот куп во периодот од 1960 до 2004 година да им ги официјализира титулите.

Црвена ѕвезда на 8 декември 1991 година го победи Коло Коло (Чиле) со 3:0 и стана светски клупски првак. Двајца Македонци играа во тој натпревар: Илија Најдоски и Дарко Панчев.

Панчев стави точка на натпреварот во 72 минута, откако претходно Владимир Југовиќ ги постигна првите два гола, во 19 и 58 минута.

Навивачите на Црвена ѕвезда од 17 часот ќе имаат можност да го видат пехарот. Тој ќе биде изложен пред влезот во клупскиот музеј.

Scroll to Top