По Тимо Вернер чениците на Челси сакаат да донесат уште еден германски репрезентативец на „Стенфорд Бриџ“. Во летниот преоден рок „сините“ ќе се обидат да го донесат талентираниот Каи Хаверц од Баер Леверкузен.
За да го донесат Хаверц челните луѓе на клубот, во договор со тренерот Френк Лампард, биле подготвени да продадат тројца фудбалери: Батшуаи, Емерсон и Бакајоко.
Белгиецот Батшуаи Батшуаи малку играше оваа сезона, Емерсон по повредата не успеа да се врати во препознатливата форма, додека Бакајоко сезонава во Милан како позајмен играч.
Центаа на хаверц се движи околу 100 милиони евра.
Покрај Хаверц Челси се заинтересирани и за левиот бек на Лестер, Бен Чилвел, за кого според англиските медиуми „лисиците“ бараат 80 милиони евра.
Во Челси веруваат дека двајцата ќе можат да ги добијат за 160 милиони евра.