Top Sport

Тројца незадоволни во Реал

Неколку играчи на Реал Мадрид биле незадоволни од статусот што го имаат кај Карло Анчелоти. „Ел Ларгуеро“, тврди дека тројца фудбалери му го свртиле грбот на тренерот.

Според овој извор тоа се левиот бек Марсело, Иско и Марко Асенсио. Овие тројца, долгорочно, не се во плановите на тренерот. Најнезадоволен бил најмладиот, Асенсио.

Марко Асенсио, во текот на летниот преоден рок, одби неколку добри понуди. Тој од почетокот на сезоната има одиграно само 68 минути.

Иско, добиваше шанси додека Лука Модриќ беше повреден, додека Марсело одиграл само две минути.

Scroll to Top