Top Sport

Тројца од Челси се селат во Милан

Џенаро Гатузо, во зимскиот преоден рок, ќе добие тројца нови фудбалери. Според најавите на „Сан Сиро“ ќе пристигнат тројца играчи на Челси, на кои менаџерот Маурисио Сари, воопшто не смета оваа сезона.

Милан има големи проблеми со повредени фудбалери, меѓутоа нема пари да купува нови играчи. Поради тоа клупските челници со колегите од Челси договориле, позајмица на тројца играчи.

Станува збор за искусните Сеск Фабрегас и Гери Кејхил, односно за младиот Данец, Андреас Кристенсен.

Ниту еден од овие играчи сезонава не ја доби довербата на менаџерот Сари. Тројцата собраа по некоја минути во Лига Европа, но во Премиер лигата, најчесто се на клупата.

Scroll to Top