Top Sport

Тројца од Пелистер се преселија во Вардар

Македонскиот шампион Вардар пред почетокот на зимските подготовки, се засили со тројца нови играчи.

„Црвено-црниот“ дрес во иднина ќе го носат досегашните фудбалери на Пелистер Кристијан Тошевски, Јован Попзлатанов и Матеј Цветаноски. Договорите на сите тројца се на три години.
Тошевски (23 години) во досегашниот тек на кариерата настапуваше во Тетекс и во Пелистер. Тој во неколкуте квалификациски натпревари беше и стандарден член на македонската репрезентација за која има четири настапи. Игра на позицијата десен бек.

Попзлатанов има 21 година во сениорска конкуренција играше за Тетекс и Пелистер. Настапува на позицијата десно крило, но може да игра и како десен бек. Тој е актуелен младински репрезентативец на Македонија, член на селекцијата до 21 година.

Цветаноски (20 години) кариерата ја започнал во Македонија ЃП, а на почетокот на оваа сезона се пресели во таборот на Пелистер. Цветановски е офанзивен играч кој што настапува и на левата и на десната страна, а игра и во средината како полушпиц, како и во нападот.

фото/fkvardar.mk

Scroll to Top