Top Sport

Тројца шпански фудбалери се соочуваат со пет годишни затворски казни

Тројца шпански фудбалери се соочуваат со пет годишни затвориски казни поради сексуалниот скандал што се случил пред речиси две години.

Фудбалерот на Еибар, Серхи Енрич и поранешните играчи на овој клуб Антонио Луна и Еди Силвестер Пасквал, се обвинети за објавување на материјал со експлицитни содржини на интернет.

На снимката, Луна и Енрич, имаат сексуален однос со непозната жена, кој ги моли да не снимаат. Потоа снимката ја објавил Пасквал, поради што и изби скандалот.

Сите тројца, поради снимката се најдоа пред судот. На Енрич и Луна им се суди поради недозволено снимање, а на Пасквал бидејќи ја објавил снимката.

Доколку судот ги прогласи за виновни, тројцата се соочуваат со затвориски казни од пет години.

Scroll to Top