Top Sport

Тројца уапсени за расизам и хомофобија во Англија

Британската полиција уапсила тројца навивачи поради расизам и хомофобија. Инцидентите се случиле на натпревари одиграни во Премиер лигата.

Под обвинение за расизам бил уапсен навивач на Брајтон. Тој ги навредувал црномурните фудбалери на Челси.

Во други два одвоени случаеви биле уапсени навивачи поради хомофобни навреди упатени кон противнички навивачи.

Извршниот директорт на Брајтон Пол Барбер побарал од навивачите во иднина самите да пријавуваат случаеви на недолично однесување.

„Доколку забраната за пристап на стадионите на вакви лица не е доволно строга казна, тогаш мораме да го поставиме прашањето дали судовите треба да изрекува построги казни. Ние веќе сме уморни од фактот дека таквите луѓе ја уништуваат репутацијата на фудбалот. Не знам зошто некои луѓе мислат дека нивното однесување е прифатливо“, рекол Барбер.

Инаку, Брајтон и Челси во средата одиграа без победник 1:1.

Scroll to Top