Top Sport

Тудор разочаран од Пирло: Никогаш повеќе помошник-тренер!

Игор Тудор не си заминува со убаво искуство од полугодишната соработка со Јувентус, каде што работеше како помошник на Андреа Пирло, ветувајќи дека повеќе нема да прифаќа понуди да биде нечиј помошник.

Тудор си замина од својот Хајдук по повик на Пирло, но потоа беше разочаран што има ист статус со другите негови помошници, и според италијанските медиуми неколку пати влегол во голем конфликт со тренерот, кој доби отказ на крајот на сезоната.

„Сезоната беше тешка, но успеавме да влеземе во Лигата на шампионите и да го освоиме Купот. Потоа добивме отказ, и мислам дека тоа не беше вистинскиот потег. Но, решив дека веќе нема да бидам ничиј помошник. Пирло ме повика во Јувентус, но бидејќи беше близок со Роберто Барони и него го постави како помошник, а потоа донесе уште еден човек за анализи. Ми пречеше што бевме на исто ниво, бидејќи на крајот јас бев и сум тренер. Сега чекам нова шанса, но само на позиција на тренер. Верона и Сасуоло се заинтересирани, ќе видиме што ќе се случи“, вели Хрватот.

Scroll to Top