Озан Туфан во 88. минута постигна фантастичен гол за Фенербахче да извлече 1:1 реми на истанбулското дерби со Бешикташ за да не дозволи ривалите да се одвојат на првото место во Турската Суперлига.
Хрватскиот ветеран Домагој Вида ги донесе Бешикташ во водство во 48. минута кога по нафрлањето на Рашид Гезал ја затресе мрежата на гостите. Сепак, Туфан во 88. минута постигна апсолутно прекрасен гол за поен за Фенер.
Со овој резултат, тимот на Серген Јалчин има 64 поени на врвот на табелата, три повеќе од Галатасарај, додека Фенербахче заостануваат пет поени на третото место. Бешикташ, сепак, има натпревар помалку.
Beşiktaş 1 Fenerbahçe 0 Gol Vida #BJKvFB #derbi pic.twitter.com/YluB4BX8No
— Ö Z G Ü R |?? (@ozgurklncx) March 21, 2021
Ozan Tufan muhteşem bir gol attı pic.twitter.com/KVtb3aiOIJ
— Erman Eren GalaFHD1905 (@GSFHD1905) March 21, 2021