Top Sport

Туфан со „бомба“ спаси реми за Фенер и ја заддржа неизвесноста во Турција

Озан Туфан во 88. минута постигна фантастичен гол за Фенербахче да извлече 1:1 реми на истанбулското дерби со Бешикташ за да не дозволи ривалите да се одвојат на првото место во Турската Суперлига.

Хрватскиот ветеран Домагој Вида ги донесе Бешикташ во водство во 48. минута кога по нафрлањето на Рашид Гезал ја затресе мрежата на гостите. Сепак, Туфан во 88. минута постигна апсолутно прекрасен гол за поен за Фенер.

Со овој резултат, тимот на Серген Јалчин има 64 поени на врвот на табелата, три повеќе од Галатасарај, додека Фенербахче заостануваат  пет поени на третото место. Бешикташ, сепак, има натпревар помалку.

Scroll to Top