Top Sport

Тухел: Хери Кејн е многу, многу интелигентен играч

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел имаше само пофални зборови за своето ново засилување, Хери Кејн, откако англискиот напаѓач во петокот постигна еден гол и имаше една асистенција при 4:0 победата над Вердер Бремен во првото коло од Бундеслигата.

Тухел, кој беше клучниот човек во преговорите за Кејн посебно беше импресиониран од креативноста и несебичноста на Кејн.

„Тој има постојано влијание во тимот, и едноставно е многу, многу интелигентен. Знае што прави и го прави тоа со прецизност. Стилот со кој ги прави работите на теренот, задоволството кое го покажува, не е возможно да не бидете импресионирани. Дебито беше навистина добро“, изјави Тухел.

Scroll to Top