Top Sport

Тухел инсистира: Саул не се враќа во Атлетико, тој е важен фудбалер за нас

Томас Тухел повторно застана во одбрана на Саул Нигез, велејќи дека тој ќе биде важен фудбалер за Челси по шпекулациите дека може да биде „вратен“ во Атлетико Мадрид.

Се веруваше дека Челси направиле одлична зделка кога го „грабнаа“ Саул пред Манчестер јунајтед на едногодишна позајмица од Атлетико со опција за купување од 30 милиони фунти, но 27-годишниот Шпанец не се адаптираше најдобро на англискиот фудбал, со само 13 настапи во сите натпреварувања, од кои само 7 како стартер.

Сепак, тој беше импресивен при 5:1 победата над Честерфилд во ФА купот и Тухел е сигурен дека ќе биде уште подобар.

„Мислам дека тој ќе биде важен играч за нас. Мечот против Тотенхем беше голем чекор напред за Саул и покажа за што е способен. Против Честерфилд, исто така. Да, се работеше за петтолигаш, така што немаше можност да бидеме прегазени во средината, но тој беше солиден. Гледам дека му се враќа самодовербата, се наоѓа во одлична форма и се адаптира на животот. Сега го разбира јазикот подобро и мислам дека ќе има голема улога во иднина“, вели Тухел.

Scroll to Top