Top Sport

Тухел ја одбил понудата од Баер Леверкузен

Поранешниот тренер на Челси, Пари Сен-Жермен и Борусија Дортмунд, Томас Тухел ја одбил првата понуда да се врати на работа по отказот кој го доби од Челси на 7 септември, отфрлајќи враќање во Бундеслигата со Баер Леверкузен, тврди шпанскиот „АС“.

„Фармацевите“ уште имаат актуелен тренер, во Џерардо Сеоане, но имаат катастрофален старт на сезоната, освојувајќи само 5 поени во првите осум кола од Бундеслигата по што се наоѓаат во зоната за испаѓање.

Според шпанскиот весник, Тухел продолжува да живее во Лондон, каде што неговите деца одат во училиште и би преферирал понуда од некој премиерлигашки клуб наместо да се врати во Германија.

Scroll to Top