Top Sport

Тухел казнет со 20.000 фунти за коментарите за судијата Ентони Тејлор

Менаџерот на Челси, Томас Тухел доби казна од 20.000 фунти за коментарите дека судијата Ентони Тејлор веќе не треба да суди на неговиот тим, откако Челси одиграа 2:2 во бурното лондонско дерби со Тотенхем.

Откако Хери Кејн во финишот постигна гол за ремито, Тухел изјави дека Тејлор не треба да суди на Челси, согласувајќи се со голем број на навивачи на лондонскиот клуб. Покрај тоа, Тухел доби казна од еден меч и 35.000 фунти за конфликтот со менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте.

„Независната регулаторна комисија го казнува Томас Тухел со 20.000 фунти и го предупредува за прекршуваање на правилата на ФА околу судиите. Менаџерот призна дека неговите коментари по мечот со Тотенхем се неправилно однесување, бидејќи посочуваат на можна пристрасност наа судијата, така поставувајќи го неизвесен интегритетот на мечот и на спортот“, се вели во објавата на ФА.

Scroll to Top