Top Sport

Тухел ќе ги бара ѕвездите на ПСЖ по дискотеки?

Томас Тухел планира да тренира строгост во Пари Сен-Жермен и да ги контролира своите ѕвезди како Нејмар, Килијан Мбапе и Единсон Кавани, откако се сретнал со неколку сопственици на ноќни клубови и дискотеки во Париз за да ги контролира своите играчи, јавува „Франс фудбал“.

Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд сака да има целосна контрола на однесувањето на своите фудбалери и сигурно нема да дозволува излегување во град додека играчите се во карантин.

Покрај ова, Тухел веднаш забранил неколку работи за своите играчи – ѕвездите нема да смеат да јадат фаст-фуд храна, газирани пијалоци и било какви слатки. Останува да се види дали оваа „германска дисциплина“ ќе може да се воведе во ПСЖ.

Scroll to Top