Top Sport

Тухел му даде ветување на Роман Абрамович

Томас Тухел му вети на газдата на Челси, Роман Абрамович, дека ќе „остане гладен“ откако ја донесе титулата во Лигата на шампионите и заработи нов договор од рускиот милијардер.

Според „Гол“, новиот договор на германскиот стратег е само формалност, откако тој од преземањето на клубот од Френк Лампард во јануари, успеа да обезбеди топ 4 пласман, како и титула од ЛШ.

„Можам да го уверам Роман дека ќе останам гладен. Ја сакам следната титула и апсолутно сум пресреќен што сум дел од амбициозен тим со силни фудбалери кои ја сфаќаат мојата верба и страст кон модерниот фудбал. Желбата е да се оди на нови победи. Мојата желба да се развивам како тренер и да го туркам тимот е тука од првиот ден. Имаме работа, треба да ја надополниме разликата во лигата и подготвен сум за тоа“, вели Тухел за официјалниот веб-сајт на Челси.

Scroll to Top