Менаџерот на Челси, Томас Тухел вели дека „постои шанса“ Ромелу Лукаку да има иднина во премиерлигашот, но додава дека не е сигурен дека Белгиецот ќе се врати на „Стемфорд Бриџ“.
Челси платија 97 милиони фунти да го вратат Лукаку во Лондон минатото лето од Интер, но тој овој месец се врати во Италија по сезона во која најмногу внимание покрај сушата од голови, предизвика неговото интервју во кое јасно жалеше за италијанскиот клуб. Сепак, поради финансиската состојба на Интер, „нераѕурите“ го добија Лукаку само на позајмица без клаузула за обврска за купување.
„Решивме заедно со сопствениците да го пуштиме. Тоа беше неговата желба, имаше можност и затоа го пуштивме. Сега го донесовме Рахим Стерлинг и тоа ни дава флексибилност, мобилност и опции во нападот дури и да не купиме други фудбалери. Бидејќи тој официјално е само на позајмица, секако дека постои шанса за враќае. Не знам дали тоа е многу веројатно, но јас не сум тој кој одлучувам за такви работи“, изјави Тухел.