Top Sport

Тухел не го дава – ПСЖ одби 10 милиони евра од Атлетико за Кавани

Пари Сен-Жермен ја одбиле понудата од 10 милиони евра за Единсон Кавани од Атлетико Мадрид, јавуваат француските медиуми, откако тренерот Томас Тухел одлучил дека тој им е потребен оваа сезона.

Уругвајскиот напаѓач во јуни ќе биде слободен играч и ќе може да замине бесплатно, а Диего Симеоне се надеваше дека со него ќе може да го подобри нападот на Атлетико, кој има постигнато само 22 гола во 20 меча во Ла лига. 32-годишниот поранешен фудбалер на Наполи и Палермо, очигледно останува во Париз, откако Тухел верува дека тој ќе биде корисен до крајот на сезоната, посебно во мечевите од Лигата на шампионите.

Кавани има само 14 настапи за ПСЖ оваа сезона, но не поради слабата форма туку поради повредите кои ги имаше. Тој има постигнато 5 гола во овие 14 меча и вкупно 198 гола во 293 настапи за клубот од „Паркот на принцовите“.

Scroll to Top