Top Sport

Тухел: Не очекувавме сите 11 да шутираат, Кепа не е виновен

Томас Тухел вели дека не жали што се одлучил за „специјалистот“ за пенал-серијата Кепа Аризабалага и покрај тоа што шпанскиот голман го утна последниот обид во финалето на Лига купот против Ливерпул.

Тухел реши да го замени Едуар Менди пред крајот на продолжението, откако направи сличен потег во финалето на Светското клупско првенство против Палмеирас, иако Менди имаше клучни одбрани да го сочува голот на „сините“.

„Го правевме и порано тоа со Кепа, тој е малку подобар во пенал-серијата и затоа одлучив така. Необично е сите 11 фудбалери да мораат да шутираат, така што тој беше малку пребрз. Нема вина кај него. Понекогаш тие работи ти се свртуваат контра тебе, но мора да се донесе одлука веднаш“, вели Тухел.

Ливерпул со Карабао купот по лудата пенал-серија, Кепа трагичар на Челси

Scroll to Top