Пред дербито со Манчестер јунајтед, новиот менаџер на Челси, Томас Тухел открива дека се обидел да го донесе Бруно Фернандеш во Пари Сен-Жермен пред Португалецот да го направи трансферот на „Олд Трафорд“.
Антеро Енрике, поранешниот спортски директор на ПСЖ, го известил тогашниот менаџер Тухел за талентите на 26-годишниот Фернандеш и Германецот признава дека сега тој е еден од најдобрите на светот.
„Со првиот спортски диреткор во Париз, Антеро Енрике, кој е Португалец, зборувавме често за Фернандеш. Се обидовме да стапиме во контакт и да дојдеме до него. Секако, тој на крајот заврши со Манчестер јунајтед и никогаш не бев во директен контакт со него, но се обидовме да го донесеме. Сега, ќе мора да играме против него. Да се дојде од Португалија, од голем клуб, но не во најсилна лига во Премиер лигата и да се направи тоа што го направи тој е неверојатно и неописливо“, вели Тухел.
Фернандеш оваа сезона е човек кој има „предизвикано“ најмногу голови во Премиер лигата оваа сезона – 15 гола и 10 асистенции. Вкупно, во сите натпреварувања, тој има 22 гола и 13 асистенции и одигра 2.940 минути во 38 меча.