Top Sport

Тухел по поразот од Лидс: Потребни ни се подобри играчи!

Менаџерот на Челси, Томас Тухел влезе во остар напад на своите фудбалери по засрамувачкиот 3:0 пораз од Лидс, признавајќи дека му се потребни нови „подобри“ играчи пред крајот на преодниот рок.

„Предаваме многу голови од големи индивидуални грешки и го правиме то често. Тоа е што е. Ова е тимот кој го имаме. Енергијата ја трошам со тимот кој го имаме, ќе се обидеме да го направиме подобар тимот, но ако не успееме ќе се бориме со тоа што го имаме“, вели Тухел.

Челси потрошија над 170 милиони фунти под водство на новиот газда Тод Бели ова лето, носејќи ги Калиду Кулибали и Марк Кукуреља во одбраната, како и Рахим Стерлинг во нападот, но на 10 дена пред крајот на преодниот рок потребни се и нови засилувања – Весли Фофана од Лестер веќе е главната цел, а потребно е и засилување во нападот по заминувањето на Ромелу Лукаку и Тимо Вернер.

Scroll to Top