Единсон Кавани до летото останува во Пари Сен-Жермен, потврди тренерот на францускиот шампион, Томас Тухел, ставајќи крај на надежите на повеќе клубови дека ќе успеат да го добијат Уругваецот во последните часови од преодниот рок.
Договорот на Кавани со клубот од „Паркот на принцовите“ завршува на лето, и се шпекулираше дека 32-годишниот напаѓач сака да замине во Атлетико Мадрид, иако и Манчестер јунајтед беа заинтересирани за него. Сепак, ПСЖ одлучи дека Кавани им треба до крајот на сезоната во обид да се освои титулата од Лигата на шампионите.
„Тој ќе остане. Ќе биде подготвен, ќе ја врати самодовербата и ритамот на натпревари. Се работи за голем фудбалер за клубот и се навикнавме да сме заедно“, изјави Тухел.