Менаџерот на Челси, Томас Тухел вели дека не сфаќа како неговиот ривал од Тотенхем, Антонио Конте избегна казна по црвените картони кои двајцата ги добија при бурното 2:2 реми, но посочува дека во иднина нема да ги коментира судиите во Премиерлигата откако му се заканува нова казна.
Тухел доби казна од 35.000 фунти и условна казна од еден меч по конфликтот со Конте, а независната дисциплинска комисија дозволи тој да биде на клупата при поразот од 3:0 од Лидс, чекајќи жалба. Конте, пак, доби само 15.000 фунти казна, откако комисијата оцени дека Тухел бил провокативен. Тухел го чека уште една дисциплинска постапка, овојпат за тврдењето дека судијата Ентони Тејлор веќе не треба да ги суди мечевите на Челси.
„Има две страни – една е дека добив црвен картон и се однесував на начин кој не беше прикладен, за што жалам. Но, тоа беше од страст и не беше агресивно. Прифаќам црвен картон иказна. Тешко е да се прифати бидејќи јасне ја почнав агресијата и двајцата добивме црвен картон. Да добиеш казна за цврсто ракување и тоа само ти да си казнет не можам да го прифатам. Во иднина нема да чуете коментар за судиите од мене. Без разлика што се случува“, изјави Тухел.