Top Sport

Тухел се заканува: Мбапе мора да ги почитува моите одлуки

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел вели дека очекува Килијан Мбапе да ги почитува неговите одлуки, откако Германецот повторно влезе во конфликт со својата прва ѕвезда.

Мбапе го игнорираше Тухел кога беше заменет при крајот на саботниот меч против Монпејле (3:1) во кој тој постигна гол, и по ова во Шпанија веднаш се појавија шпекулации дека Мбапе не е заинтересиран за нов договор со ПСЖ, најавувајќи нов обид на Реал Мадрид да го донесе на „Бернабеу“.

Поранешниот француски напаѓач Криштоф Дугари смета дека Тухел „завршил“ со ПСЖ откако два меча по ред го повлекува Мбапе од игра, но Тухел вели дека нема да толерира фрустрација од 20-годишниот напаѓач.

„Не е тешко да си менаџер на Килијан, но тој има уникатен менталитет. Нормално е тоа што секогаш сака да победува. Но, мора да прифати дека може да го заменат и да покаже респект кон другите фудбалери како Ерик Максим Чупо-Мотинг“, изјави Тухел на прес-конференцијата пред дуелот со Галатасарај во Лигата на шампионите.

Scroll to Top