Top Sport

Тухел со јасна порака: Лукаку мора да направи повеќе

По 1:0 поразот од Манчестер сити, менаџерот на Челси, Томас Тухел му прати јасна порака на Ромелу Лукаку, рекордното засилување за „сините“ дека мора да направи повеќе за клубот.

Лукаку пристигна од Интер за 97.5 милиони фунти, и минатиот месец беше во центарот на контроверзи со интервјуто во кое велеше дека му недостасува Интер и дека не функционира најдобро во системот на Тухел, по што беше исфрлен од составот за дербито со Ливерпул. По, ова, следуваше јавното извинување за коментарите, финансиска казна за него, и враќање во тимот.

Но, по разочарувачкиот пораз кај Сити, во кој имаше само 21 допир на топката во 90 минути, Тухел го издвои Белгиецот како една од главните причини за поразот.

„Имавме осум или девет офанзивни транзиции, но имаше нула допири во шестнаесетникот. Тоа беше голем проблем денеска, перформансите на напаѓачите, нивното позиционирање, тајминг и поставеност. Ромелу Лукаку понекогаш треба да направи нешто за тимот, имаше премногу загубени топки. Секако, треба да му доставиме топки, но тој е дел од тимот и може многу подобро напред. Ќе направивме повеќе ако игравме со подобар тајминг и прецизност“, изјави Германецот.

Scroll to Top