Top Sport

Тухел со пофалби за Нејмар: Тренира на врвно ниво!

Францускиот шампион, ПСЖ е подготвен за утрешниот супер-куп меч во Шензен, против тимот на Рен кој изненадувачки минатата сезона го освои Купот на Франција. Рен во финалниот меч на пенали го совлада токму ПСЖ, па ова би била добра можност за освета на „Светците“.

На прес-конференцијата на тренерот на тимот, Томас Тухел новинарите најмногу ги интересираше што се случува со Нејмар.

Бразилецот, наводно, и понатаму е повреден, но цел фудбалски свет го коментира неговото евентуално враќање во Барселона.

Тухел го пофали Нејмар пред новинарите.
„Тренингот го одработи многу добро, врвно. Тој го сака фудбалот и сака да игра. Сега е дисквалификуван и нема да може да игра против Рен, но е еден од нашите важни играчи. Се е во ред“ – рече Тухел.


Барса нема 222 милиони за Нејмар колку што ПСЖ дада за да го доведе на „Паркот на принцовите“, па затоа Каталонците бараат начин како да го изведат трансферот.

Сака шпанскиот првак во трансферот да вклучи некој од своите играчи, се споменуваа Ракитиќ, Кутињо, Дембеле, Умтити, но ПСЖ бара само пари.

Scroll to Top