Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Томас Тухел верува дека би останал на кормилото на БВБ да не беше бомбашкиот напад на нивниот автобус минатиот април, по што дошло до проблеми во односите со Ханс-Јоаким Вацке.
Дортмунд патуваа на четврт-финалето од ЛШ против Монако на нивниот „Сигнал Идуна парк“, кога автобусот им беше оштетен од три експлозии. Дефанзивецот Марк Бартра беше повреден и беше на операција на зглобот на раката, а мечот беше одложен 24 часа. Монако победи со 3:2, по што на домашен терен уште еднаш ги победи БВБ со 3:1.
По презакажувањето на натпреварот, Тухел изјави дека ниту тој, ниту неговите играчи не биле консултирани околу презакажување на мечот само 24 часа, нешто што извршниот директор Вацке го демантираше.
2.1 – @TTuchelofficial had the best points per game ratio of all BVB coaches in the @bundesliga_de (2.1). Farewell. pic.twitter.com/0MBTMnyDa3
— OptaFranz (@OptaFranz) May 30, 2017
Зборувајќи на судењето на напаѓачот (според германските закони идентификуван само како Сергеј В), Тухел изјави дека би останал да не бил инцидентот. Тој си замина по освојувањето на ДФБ купот по 2:1 победата над Ајнтрахт Франкфурт.
„Претпоставувам дека ќе останев. Аки Вацке веќе јавно кажа дека имало големи несогласувања, што беше точно. Проблемот беше што јас бев во тој автобус, а не Аки. Затоа имаше поинаков пристап за решавање на проблемите. Се обидов да го подготвам тимот, но јасно беше дека не бевме подготвени за игра“, изјави Тухел, кој во последно време се поврзува со тренерското место во Баерн Минхен по повлекувањето на Јуп Хајнкес на крајот на сезоната.
Фото: ЕПА