Top Sport

Тухел за договорот од 18 месеци: Очигледно, Челси не ми веруваат

Томас Тухел признава дека помислил дека Челси не му веруваат доволно кога му дале 18-месечен договор по отказот за Френк Лампард, но се помирил со тоа и планира подолго да остане на „Стемфорд бриџ“.

Роман Абрамович го ангажираше поранешниот тренер на Борусија Дортмунд и Пари Сен-Жермен, но за разлика од договорите на претходните тренери, кои беа долгогодишни, 47-годишниот Германец доби малку време да покаже што умее.

„Прво не ми се допаѓаше и помислив: ‘Можеби не ми веруваат’. Морам да ја напуштам мојата татковина, да го оставам семејството, а тие се многу далеку од четвртото место. Можеби нема да стигнеме дотаму и ќе биде лесно повторно да ме оптуштат… Но, по неколку минути си помислив, зошто да не. Ако сум добар, тогаш ќе ми дадат нов договор, ако немам резултати и така ќе ме отпуштат. Можам да имам петгодишен договор и утре да добијам отказ. Дали верувам во задачата? Да. Дали верувам во клубот и тимот?  Да и да. Зошто тогаш да се грижам? Сега живеам полесно“, вели Тухел.

Scroll to Top