Top Sport

„Тумба“ гореше, но ПАОК загуби дома првпат по речиси три години (видео)

Олимпијакос со 1:0 славеше на гости кај ПАОК во дербито на 25. коло на грчката Суперлига за да се одвои на пет поени пред ривалот на врвот на табелата во меч во кој, сепак, како речиси секогаш најголемо внимание предизивка лудото „пиро-шоу“ на навивачите од Солун.

ПАОК имаше повеќе шанси во текот на мечот, но гостите дојдоа во водство 49. минута откако Србинот Лазар Ранѓеловиќ нафрли топка, а дефанзивецот на домаќините, Димитрис Јанулис ја смести во сопствената мрежа. Ова е прв домашен пораз на ПАОК од 2017 година.

Олимпијакос се први на табелата со 63 поени, ПАОК се втори со 58, а далеку на третото место е АЕК со 50.

Scroll to Top