Top Sport

Тунис го кани Рани Кедира на СП во Русија

Репрезентацијата на Тунис повторно ќе игра на Светското првенство, откако успеаја да се квалификуваат за Русија, и сега тргнуваат во „лов“ на европски фудбалери кои би можеле да настапат за нив.

Еден од нив е Рани Кедира, помладиот брат на далеку попознатиот Сами Кедира, кој настапува за Јувентус и е долгогодишен член на германската репрезентација. 23-годишниот Рани никогаш не го оствари целосно својот потенцијал и по настапите за Штутгарт и Лајпциг, сега настапува за Аугзбург.

„Уште не сум одлучил, но вистина е дека ми се јавуваа од Тунис. Ситуацијата е помалку комплицирана, бидејќи прво не зборувам ниту арапски, ниту француски. Второ, не познавам никој фудбалер од Тунис. Да ја прифатам понудата треба да има корист на двете страни. Јас да помогнам на Тунис, а и Тунис да ми помогне мене. Ќе размислам, но засега сум концентриран на настапите во Бундеслигата. Напролет ќе седнеме и ќе разговараме“, вели Рани Кедира.

Таткото на Сами и Рани е Тунижанец, но нивната мајка е Германка. Рани Кедира претходно има настапувано за Германија на Светското првенство за играчи до 17 години, а има и настапи за У19 тимот.

 

Scroll to Top