Тунис и Мароко се квалификуваа на Светското првенство во Русија по саботните квалификациски натпревари, приклучувајќи им се на Египет, Нигерија и Сенегал за да се комплетира африканскиот состав кој ќе се бори на Мундијалот.
Тоа што требаше да биде драматичен финиш на квалификациите во Абиџан на крајот стана еднострана победа за Мароко, откако во само пет минути гостите постигнаа два гола за да ги уништат надежите на Брегот на Слоновата Коска за пласман на првенството. Головите на Набир Дирар (Фенербахче) и ѕвездата на Јувентус, Махди Бенатија во 25., односно 30. минута беа доволна Мароко да се пласира првпат на СП по 20 години пауза.
Тунис малку потешко од очекувањата стигна до „картата“ за Русија, откако одиграа само 0:0 со последнопласираните Либија, така завршувајќи пред ДР Конго во групата А.
АФРИКАНСКИ КВАЛИФИКАЦИИ СП 2018
Габон – Мали 0:0
Брег на Слонова Коска – Мароко 0:2
ДР Конго – Гвинеја 3:1
Тунис – Либија 0:0