Top Sport

Тунис стана првата африканска репрезентација која ги победи Хрватите (видео)

Хрватска во пријателски меч во Вараждин загуби со 1:2 од Тунис, кои стануваат првата африканска репрезентација која го совладала светскиот вице-шампион.

Тунис дојде во водство преку Бадри по брз контра-напад во 16. минута, а имаа и многу повеќе шанси во првото полувреме во кое „коцкестите“ ги спаси дебитантот на голот, Симон Слуга.

Бруно Петковиќ го постигна својот прв гол за Хрватска со првиот удар кон голот на противникот, но Тунис стигна до победата откако во 70. минута Домагој Вида играше со рака, а Слити не згреши од белата точка.

Scroll to Top