Top Sport

Турам изненади со изборот на најтешкиот противник: Ништо не му можев (Видео)

Лилијан Турам еден од најдобрите десни бекови во историјата на фудбалот ја изненади јавноста со името на фудбалерот против кого бил немоќен на теренот.

Поранешниот фудбалер на Монако, Парма, Јувентус и Барселона никогаш нема да го заборави Шпанецот Педро Мунитис.

„Не се сеќавам добро на имињата на стадионите и играчите, но добро се сеќавам на Педро Мунитис. Тоа е фудбалер кој ми направи најмногу проблеми. Се прашував кој е овој човек. Се сеќавам дека Карамбе ме смируваше, ми велеше дека Мунитис ме поминал само еднаш. Понекогаш имам кошмари поради него“, рекол Турам.

Турам против Мунитис играч во четврт-финалето на ЕУРО 2000. Турам тогаш направил пенал врз Мунитис. На карајот Франција победила 2:1.

„Не му можев ништо. Се сеќавам дека ми олесна кога шпанскиот селектор го замени. Никогаш нема да заборавам колку ми олесни. Во својата канцеларија имам негова фотографија“, рекол Турам.

Педро Мунитис во кариерата играл за Расинг Сантандер, Реал и Депортиво Ла Коруња. Со Реал во 2002 ја освоил Лигата на шампионите. За Шпанија настапил на 21 натпревар.

Scroll to Top