Top Sport

Турам: Нема подобар фудбалер на планетава од Ромелу Лукаку

Поранешниот француски репрезентативец и ексѕвезда на Јувентус, Лијлијан Турам оценува дека напаѓачот на Челси, Ромелу Лукаку е најдобриот фудбалер на светот.

49-годишниот Турам ја освои титулата од Светското првенство со Франција во 1998 година, а играше и за Парма, Јувентус и Барселона.

„Кога јас бев играч, бразилскиот Роналдо беше најдобриот фудбалер на планетата, а сега тоа е Ромелу Лукаку. Иако фантастични се и Килијан Мбапе и Маркињос. Во Италија, ако мислам на Јувентус, тогаш тоа е Федерико Киеза, но и Моисе Кин. Ми се допаѓаат и Николо Барела и Николо Заниоло од Рома“, вели Турам.

Тој исто така вели дека е можно неговите синови да завршат во италијанската лига.

„Имам двајца млади синови кои се фудбалери. Маркус е роден во 1997 и игра за Борусија Менхенгладбах, додека Кефрен е фудбалер од средниот ред и роден е во 2001 и игра во Ница. Марус зборува италијански, а кој фудбалер не би сакал да игра во Италија. Но, тој самиот ќе го одреди својот пат, јас сум само неговиот татко“, додава Французинот.

Scroll to Top