Играчот на Башакшехир, Арда Туран доби фантастична суспензија од 16 меча од Турската федерација за туркање на линиски судија на мечот со Сиваспор во петокот. Ова е рекордна казна во турскиот фудбал досега.
Туран, кој игра како позајмен играч од Барселона, и има над 100 настапи за турската репрезентација, доби црвен картон во 1:1 ремито со кое Башакшехир си ги наруши шансите за титулата.
31-годишниот Туран исто така доби казна од 39.000 турски лири (околу 7.000 евра). Тој доби 10 меча казна за нападот, три меча казна за навредата и уште три за заканата. Туран дојде во Башакшехир во јануари, откако не добиваше место во првиот тим на Барселона по трансферот од 26 милиони евра од Атлетико Мадрид во јули 2015.
Башакшехир, новата „сила“ во турскиот фудбал се на третото место со три поени зад лидерите Галатасарај на два меча пред крајот.
Arda Turan has a MELTDOWN ?
Sent off for pushing the linesman in a crucial title race clash ?♂️ pic.twitter.com/RDNCzaEL4J
— Turkish Football (@Turkish_Futbol1) May 4, 2018
Нова драма во Турција – Робињо ги „уништи“ Башакшехир (видео)