Top Sport

Туре наместо во Арсенал, ќе се врати во Олимпијакос

Јаја Туре ќе се врати во Олимпијакос и покрај тоа што неговиот агент најавуваше дека тој ќе има трансфер во некој клуб од Лондон, зголемувајќи ги шпекулациите дека се работи за Арсенал.

Неговиот агент во вторникот навечер објави дека поранешниот фудбалер на Манчестер сити поминал медицински тестови во Лондон, но на крајот негова следна дестинација ќе биде Олимпијакос, каде што првпат играше во 2005 и ја освои двојната титула, пред да направи трансфер во Монако по СП во 2006 година.

35-годишниот Туре би заработувал околу 2 милиони фунти по сезона во Грција. Тој беше ослободен од Сити по осум години на „Етихад“ и по конфликтот со менаџерот Пеп Гвардиола.

Scroll to Top