Top Sport

Турски клуб го претстави новиот тренер, па по 4 часа го отпушти!

Турскиот фудбалски клуб Касимпаша го отпушти тренерот во рекорден рок, по само 4 часа.
Ибраим Узулмес (45) се договори со управата на турскиот прволигаш Касимпаша, па и беше претставен на јавноста и на медиумите.

Турчинот со клубот се договорил на едногодишна соработка, а малку кој претпоставуваше дека соработката ќе трае само околу 4 часа.

Како што пренесуваат турските медиуми, Узулмес бил претставен вчера во 12 часот, а договорот е раскинат во 16:36.
Од клубот како причина за раскинот на договорот наведоа „неспоразум околу договорот“.

„Постоеја недоразбирања околу договорот, поради кои клубот одлучи да ја прекине соработката со Узулмес“ – неведе во соопштението клубот од Истанбул.

Касимпаша минатата сезона ја заврши на 14 мест, две места над зоната за испаѓање.

Scroll to Top