Top Sport

Турскиот судија Умут Мелер назначен за главен судија на натпреварот Англија – Словачка

Турскиот судија Умут Мелер е назначен за судија на осминафиналето на Европското првенство меѓу Англија и Словачка, што е закажан за в недела од 18 часот во Гелзенкирхен.

За Мелер ова ќе биде трет меч на ЕП, служеше и на дуелите Белгија – Словачка (0:1) и Полска – Австрија (1:3).

На Турчинот на теренот ќе му помагаат сонародниците Емре Ејисој и Керем Ерсој. Четврти судија ќе биде Словенецот Раде Обреновиќ, додека во ВАР просторијата ќе биде Германецот Марко Фриц.

Scroll to Top