Top Sport

„Туш“ од играчки за децата во Ротердам (видео)

Продолжувајќи ја традицијата, првиот домашен меч на Феенорд во холандскиот шампионат беше одбележан со „туш“ од играчки за децата од болницата „Еразмус МЦ Софија“.

Феенорд стигна до 3:0 победа над Ексцелзиор, меѓутоа најмногу внимание предизвика „тушот“ од плишани играчки кои беа фрлени на стотината деца и родители од болницата во традицоналниот „Софијадаг“ на „Де кујп“.

Прекрасен гест на клубот кој честопати е поврзуван со онаа грдата страна на фудбалот – хулиганите.

На теренот, Феенорд се созеде од шокантната елиминација од словачкиот Тренчин во Лига Европа за лесна 3:0 победа на тимот на Џовани ван Бронкхорст.

Scroll to Top