„Тутоспорт“ тврди дека Јувентус подготвува 80 милиони евра, со кои ќе го убедува Манчестер Јунајтед да им го продаде Пол Погба.
Иднината на францускиот репрезентативец на „Олд Трафорд“ е неизвесна поради константните несогласувања што Погба ги има со менаџерот Жозе Мурињо. Тој полека го губи и местото во стартниот состав, поради што е сигурно е дека тој би се вратил во Италија.
Погба токму од Јувентус во 2016 година замина во Манчестер Јунајтед за сума од 105 милиони евра, што тогаш беше рекорден трансфер во фудбалот.
Интересно, Погба претходно од Манчестер Јунајтед се пресели во Јувевентус, што значи дека доколку трансферот биде реализиран тој би „завртел уште еден круг“.
Инаку, интерес за услугите на Погба покажува и Барселона.
Погба го има промашувањето на сезоната, Фил Џонс автоголот! (видео)