Top Sport

„Тутоспорт“: Манџукиќ во јануари се сели во Англија

Хрватскиот фудбалски интернационалец, Марио Манџукиќ останува во Јувентус до јануари следната година иако не е во плановите на тренерот Маурицио Сари.

Напаѓачот го одби трансферот во Катар, со кој му се нудеа 9 милиони евра годишно, со што ќе станеше најплатен хрватски фудбалер во историјата.

„Бидете трпеливи, и ние чекаме новости“ рекоа пред неколку дена од таборот на Старата дама.

Италијански „Тутоспорт“ пишува дека Хрватот решил кариерата да ја продолжи во Англија. Преодниот рок на Островот е завршен, но 33-годишниот голгетер таму може да отиде во јануарскиот преоден рок.

Изминатото лето Манџукиќ преговараше со Манчестер Јунајтед, но не сакаше да избрзува со одлуката. На крајот трансферот со „ѓаволите“ пропадна, а кај Сари во Јуве не успеа да се избори за минутажа, па затоа сега тренира одвоен од соиграчите.

Италијанските медиуми јавуваат дека Јунајтед не се наоѓа во прв план кај хрватскиот фудбалер, туку има понуди од Вест Хем и Евертон.

Scroll to Top