Top Sport

Тутоспорт: Роналдо ќе ја одлучи иднината следниот месец

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо ќе одлучи каде ќе ја продолжи својата кариера пред крајот на сезоната за да помогне на „старата дама“ да се одредат плановите за летниот преоден рок, тврди торинскиот весник „Тутоспорт“.

Иако титулата од Серија А можеби веќе не е достижна, Роналдо треба да помогне клубот да обезбеди Лига на шампиони, да ја освои титулата од Копа Италија и можеби да стане најдобриот стрелец во лигата. Според „Тутоспорт“, тој има договор со претседателот на клубот Андреа Ањели и спортскиот директор Фабио Паратичи да им ги каже плановите пред мај, за клубот да може да има детален план за преодниот рок.

Со потенцијалните пари од трансферот и без платата на Роналдо, Јувентус ќе има далеку повеќе шанси да донесе повеќе засилувања ова лето. Сепак, Роналдо има договор со клубот до јуни 2022 и се верува дека би сакал да го исполни ветеното и да остане уште една сезона и покрај шпекулациите кои го поврзуваат со враќање во своите поранешни клубови, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Scroll to Top