Британскиот весник „Дејли мејл“ тврди дека вистинската причина за продлабочување на конфликтот меѓу Жозе Мурињо и Пол Погба е прекинот на интервјуто кое Мурињо го даваше по 2:1 победата над Ливерпул на 10 март.
Иако и претходно Мурињо неколку пати не му даваше шанси на францускиот играч од средниот ред да игра многу, но според „Дејли мејл“, моментот на националната ТВ го налутил Мурињо толку многу што тој сега не планира воопшто да го става во игра Погба до крајот на сезоната.
„Мурињо бил налутен од однесувањето на Погба, откако играчот вреден 89 милиони фунти го повлече од местото каде што даваше интервју. Поранешниот шеф на Челси и Реал Мадрид на камера се насмеа по инцидентот, но по тоа приватно му кажал на Погба што мисли за постапката“, велат во „Дејли мејл“.
Погба го пропушти тој натпревар поради повреда, но оттогаш не го врати местото во стартните 11. Колку има вистина во „анализата“ на „Дејли мејл“ останува да процените сами.