Top Sport

Уапсен потпретседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка

Утрово полицијата влегла во просториите на Фудбалскиот сојуз на Чешка. Полицијата уапсила неколку лица меѓу кои е и потпретседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка, Роман Бербр.

Покрај Бербр биле уаспсени и луѓе од судиската комисија. Според локалните медиуми полициските службеници ја „чешлаат“ документацијата на Сојузот и вршат претрес во куќите на неколку високи функционери во Фудбалскиот сојуз на Чешка.

„Во моментов Фудбалскиот сојуз соработува со единиците на чешката полиција. Чекаме понатамошни упатства и информации“, ја потврдил полициската акција портпаролот на Сојузот, Михал Јурман.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');