Top Sport

Уапсен претседателот на Фудбалскиот сојуз на Конго

Членот на советот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Констант Омари е уапсен под обвинение за корупција во Фудбалскиот сојуз на Конго.

Омари е претседател на Фудбалскиот сојуз на Конго и потпретседател на Африкнската фудбалска конфедерација, тој е обвинет за порневера на пари што владата на Конго му ги дала на Сојузот за да ги помогне клубовите и репрезентацијата.

Омари (60), член на советот на ФИФА е од 2015 година.

Покрај него биле уапсени уште двајца фунционери во Сојузот, како и раководител во Министерството за спорт.

Обвинителството во Киншаса соопшти дека се трага по уште едно лице кое е во бекство. Станува збор за претседателот на Олимпискиот комитет на Конго.

Scroll to Top