Руската полиција уапсила седум навивачи на Аргентина поради тепачката што ја предизвикале по завршувањето на натпреварот со Хрватска во Нижни Новгород.Случајот им бил предаден на судските власти, соопшти Организациониот комитет на Светското првенство.
ФИФА, претходно објави, дека се работи на идентификацијата на навивачите кои биле снимени од безбедносните камери како се тепаат по завршувањето на натпреварот Аргентина-Хрватска.
Во меѓувреме, аргентинските власти идентификувале четворица Аргентинци кои тепала двајца хрватски навивачи.
„Ќе побараме од руските власти тие да бида уапсени за да можат да бидат депортирани“, се наведува во соопштението на аргентинското МВР.
На снимките, објавени на социјалните мрежи, се гледа како Аргентинците тепаат хрватски навивач, дури и додека тој лежи во под трибинскиот простор на стадионот во Нижни Новгород.
Поголем инцидент спречило обезбедувањето.