Top Sport

Уапсени навивачи, со години го рекетирале Јувентус

Италијанските медиуми вчера објавија дека полицијата уапсила 12 навивачи на Јувентус кои со години го уценувале и рекетирале клубот.

По пријавата од Јувентус, полицијата извршила рација и уапсила 12 навивачи за кои се тврди дека се водачи на навивачките групи на „старата дама“. Покрај за изнуда уапсените ќе бидат обвинети за насилство и перење на пари.

Ден по полициската акција првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели, рекол дека морале да реагираат бидејчи тие навивачи со години го рекетирале клубот.

Тој појаснил дека тие добивале одреден број на карти за натпреварите на Јувентус, а потоа истите ги продавале на други навивачи.

„Моравме да ставиме крај на ова, моравме да реагираме. Ултрасите не уценуваа, се закануваа дека ќе пеат расистички песни, дека ќе предизвикуваат инциденти на трибините доколку не им даваме бесплатни карти и тоа онолку колку што тие ќе побараат. Немавме друго решение. Се надеваме дека ова нема да предизвика негативен однос кон клубот од страна на останатите верни навивачи“, рекол Ањели.

Scroll to Top